Payload Logo
Мени
0112

Ексклузивна куќа во Бардовци, 600м² на 3 нивоа, Скопје

ПродажбаДостапно
Цена по договор

Сподели со пријател

Ексклузивна самостојна куќа во Бардовци со површина од 600м² и голем уреден двор од 1500м². Куќата е градена 2004 година на три нивоа со модерен дизајн, внатрешен базен, сауна и фитнес сала. Содржи 5 спални соби, голем салон со камин и веќе е спремна за населување.

Опис

Партенон Недвижности продава ексклузивна самостојна куќа во Бардовци. Површина 600м2 со голем хортикултурно уреден двор од 1500м2.

Куќата е градена 2004 година во модернистички стил на неколку нивоа, со ексклузивни материјали. Содржи внатрешен базен, сауна, просторија за фитнес сала. Паркингот вклучува надворешен простор за две возила и внатрешен простор исто така за две возила. Дворот содржи два летниковци и е прекрасно уреден со зеленило, цвеќиња, зимзелени и листопадни дрва.

Внатрешноста е модерно уреден на неколку нивоа поврзани со внатрешни скали. Салонот е голем со камин, кујна и трпезарија со излез на голема тераса кон дворот. Содржи 5 спални соби, од кои едната мастер со сопствена бања со џакузи и голем вграден плакар. Сите спални се со излез на тераса. Поткровјето е отворен простор со вградени плакари.

Куќата е во одлична состојба и веднаш вселива. Оградена е со прекрасна ограда од камен со ковано железо. Цената е за дискусија по видување.

Површина

Локација

Македонија
Отвори во Google Maps

Контактирај

Контактирајте Партенон Недвижности

Директен е-маил: agencijapartenon@gmail.com