Payload Logo
Мени

За Партенон Недвижности


Долгогодишно искуство и посветеност во областа на недвижностите во Скопје

Нашата приказна

Партенон Недвижности Дооел Скопје е регистрирано друштво за посредување во промет и процена на недвижен имот. Со нашето долгогодишно постоење на пазарот, сме покажале сериозност и посветеност во работата и постојано се стремиме кон усовршување и прилагодување кон условите кои ги диктираат промените на пазарот на недвижен имот.


Посредуваме при продажба и изнајмување на секаков вид на недвижен имот, станови, куќи, деловни простории, плацеви, индустриски објекти. Вршиме секаков вид на консултации околу средување на документација, помош при аплицирање за станбен кредит и се што ке се појави како потребно за успешно завршена работа на заедничко задоволство со нашите клиенти.


Партенон Недвижности Дооел Скопје согласно одредбите од Законот за процена поседува лиценца за вршење на работи на процена од областа на недвижен имот издадена од Министерство за транспорт и врски. Лиценца бр. 0215-Н

Закажете бесплатна консултација

Пишете ни и нашиот тим ќе ве контактира во најкраток можен рок.