Payload Logo
Мени
0509

Гр. Зид, кај Соборен храм

Стан 3 спални, Центар - Партенон Недвижности

93 m²#15309
ПродажбаДостапно
229.900 €
2.472 €/м²

Сподели со пријател

Модерен стан од 93м² со 3 спални, дневен дел со кујна и тераса. Локација на 7-ти кат со панорамски поглед кон Водно. Централно греење, два лифта и паркинг место.

Опис

Партенон Недвижности продава модерен стан во кулите кај Градски Ѕид, во непосредна близина на Соборниот храм, во Центар.

Станот има површина од 93 м² и е целосно реновиран и функционално преадаптиран пред 10 години. Располага со три спални соби, пространа дневна соба поврзана со кујна и трпезарија, бања, посебен тоалет, балкон и лоѓија.

Во тек е постапка за упис на балконот и лоѓијата во Имотниот лист.

Станот се наоѓа на 7. кат и располага со централно греење, два лифта и отворен поглед кон Водно. Благодарение на одличната ориентација, станот е исполнет со природна светлина во текот на целиот ден.

Обезбедено е паркинг место од ПОЦ, со контролиран пристап преку рампа.

Зградата и влезот се во одлична состојба, а нивното одржување се финансира од приходите од изнајмување на деловниот простор во приземјето.

Земјиштето под зградата е целосно откупено од страна на станарите.

Површина

Површина
93 m²
соби
4
спални
3
бањи
2
Кат
7 од 12
Година
1976
Паркинг
Паркинг место

Карактеристики

БалконТерасаЛифтКлима уред
Греење: Централно
  • Панорамски поглед кон Водно
  • Природна светлина во текот на целиот ден
  • Логија

Локација

Гр. Зид, кај Соборен храм, Скопје, Центар, Македонија
Отвори во Google Maps

Контактирај

Контактирајте Партенон Недвижности

Директен е-маил: agencijapartenon@gmail.com