Partenon logo
Мени
0112

Трособен реновиран стан, Кисела Вода, Скопје

ПродажбаДостапно
177.000 €

Сподели со пријател

Трособен реновиран стан од 98м² во Кисела Вода, Скопје, на 4. кат од 8-катна зграда со лифт. Комплетно реновиран со две тераси, модерна опремена кујна и две спални соби. Одлична микролокација со паркови, училишта и маркети во непосредна близина.

Опис

Трособен стан во Кисела Вода во близина на пазарот, кај Тинексот спроти кули расадник.

Површина: 86м² живеен дел + 12м² тераси, вкупно 98м². На 4. кат од 8-катна зграда со лифт и паркинг.

Опрема и состојба: Комплетно реновиран. Голем убав салон со трпезарија, две големи спални соби (можност за трета спална), одделна кујна (ново опремена), бања и тоалет, остава, две тераси и две помошни тераси во спалните.

Реновирани елементи: Нови ПВЦ прозори со завеси, реновирани санитарни чворови, влезна блиндор врата, променети инсталации. Вградени лизгачки плакари во спалната.

Микролокација: Перфектна локација во непосредна близина - училиште, градинка, маркети, амбуланта, паркови околу зграда, слободен паркинг и добра сообраћајна поврзаност со градот. Веднаш вселив.

Површина

Локација

Македонија
Отвори во Google Maps

Контактирај

Контактирајте Партенон Недвижности

Директен е-маил: agencijapartenon@gmail.com